wordpress counter

Производство на супер шпагети

Група италијански научници имаат за цел да откријат како се менува содржината на скроб и прехранбени влакна за време на растењето на дурум пченицата од која најчесто се подготвуваат шпагетите. Целта на ова истражување е да се добијат таканаречените супер шпагети.

Дополнително, научниците работат на откривање на начинот на кој се менува уделот на прехранбените влакна во тестенините и како тој удел да се зголеми. Во исто време, некаде на другиот крај на светот, австралиските научници работат на испитување два вида прехранбени влакна (арабиноксилан и бета-глукен) и нивното влијание на квалитетот на тестото за леб и тестенини.

Доколку научниците успеат да го зголемат уделот на овие вредни влакна, ќе настанат супер тестенините кои ќе имаат поволно влијание на здравјето преку намалување на ризикот од болести на срцето и карцином на дебелото црево.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Нема повеќе да се изгорите од жешко кафе или пица

Универзитетот од Остин, Тексас дизајнираше орална лента која моментално ја ублажува болката од жешка храна или пијалаци. Значи, повеќе не...

Close