wordpress counter

Психологија на супермаркетите (1 дел)

Современото купување на продукти за исхрана, денес е исклучиво поврзано со големите синџири на супермаркети кои постојат во секоја земја. Со оглед дека конкуренцијата помеѓу нив е голема, тие преземаат чекори со кои ќе ги натераат потрошувачите да купуваат во нивните продавници. Некои од тие чекори се многу итри и можат да бидат на наша штета. Денес, зборуваме токму за тоа и за начинот како да купуваме во маркетите.

Супермаркетите се неверојатно вешти во промоцијата на производите кои ги продаваат. Постои стратешко позиционирање на важни места во дуќанот, истакнување на цени на парче, иако производот се продава во пакување со неколку такви, се пушта лесна и побавна музика, која потсвесно нѐ тера да одиме побавно и со поглед да ги поминеме сите рафтови.

Лавиринт
Модерните супермаркети се големи и пространи. Изборот на производи е неверојатно голем и во даден момент ние треба да направиме безброј одлуки, со цел да купиме нешто што ни треба или не ни треба. Сѐ е уредено со неверојатна прецизност и распоред на елементи со кој се насочува нашето внимание кон точно определени делови на продавницата.

Разместување на производи
Веројатно сте забележиле дека во некои продавници, периодично, се менува распоредот на производите. Тоа се прави со цел на нас, купувачите, да ни треба повеќе време за навигација низ дуќанот и поради тоа да потрошиме повеќе пари отколку што сме планирале.

Производи на снижување и акции
По правило, секој супермаркет има 2-3 централни ходници низ кои потрошувачите најмногу минуваат. Тука се поставуваат и штандовите за бројните акции и попусти. Веројатно, често сте забележале акции од типот „купи 1, второто е бесплатно“ или „3 за цена од 2“ и слично. Кога купувате на акција, секогаш проверете го рокот на траење и цената на конкурентските производи.

Related Posts with Thumbnails