wordpress counter

Психологија на супермаркетите (2 дел)

Во првиот дел од статијата, се запознавме со неколку вешти и итри трикови кои ги преземаат сопствениците на супермаркетите за да ги привлечат вашто внимание и да ги добијат нашите пари. Станува збор за стратегијата лавиринт, попуст и акција, позиционирање и разместување на производи. И денес продолжуваме со наведување на тие трикови на кои треба да подразмислите кога одите во шопинг.

Позиционира на основните животни продукти
Ова е еден од најинтересните факти. Имено, основните прехранбени продукти како што се млекото, лебот, брашното и шеќерот се наоѓаат во втората половина од дуќанот и тоа најчесто најдалеку од влезот. Суштината е да поминете низ ред други продукти за да стигнете до она што вистински ви е потребно.

Овошје и зеленчук
Овошјето и зеленчукот се наоѓаат на самиот влез на супермаркетот. Нивните прекрасни бои и мириси делуваат на потрошувачот и го предизвикуваат да купува. Не е случајно што таму ни е дозволено да бираме сами. Затоа и честопати се случува да купиме многу повеќе од што ни е потребно.

Свежо печен леб
Мирисот на свежо печен леб не е никаква случајност. Лебот би можел да се пече и во посебна просторија, но тоа не е случај. Само поради фактот дека тој мирис ќе ги привлече купувачите, ќе им отвори апетит и ќе потрошат повеќе.

Замрзната храна
Фрижидерите со замрзната храна се хаотични. Преполни се со бројни продукти кои се ставени без некаков ред. Одговорот на ова лежи во фактот што секогаш кога ги прегледувате овие фрижидери ќе налетате на некаков сладолед или други артикли на попуст.

Каси
На самите каси се наоѓаат бројни чоколатца, гуми за џвакање и слични ситници кои ќе ви го привлечат вниманието додека чекате ред да платите. А, тоа значи можност уште некој производ да се најде во вашата корпа пред да платите.

Related Posts with Thumbnails