wordpress counter

Психологија на супермаркетите (3 дел)

Во првите два дела од статијата ве запознавме со сите трикови со кои сопствениците на супермаркетите се обидуваат да ве „намамат“ да ги потрошите вашите тешко спечалени пари во нивните продавници. Денес, сервираме 8 совети за рационално купување на храна.

1 Пред да појдете во продавница, подгответе список. Ако ви треба повеќе време за да го најдете производот кој го барате, слободно потрошете го, наместо да купите некоја замена која е поскапа.

2 Кога сте гладни – не одете да купувате храна. Докажано е дека ќе потрошите повеќе.

3 Проучете ги цените и декларациите. Некогаш купуваме производи кои се поскапи од некои други, а имаат ист квалитет. И тоа само поради навика.

4 Ако купувате заедно со вашите деца – бидете внимателни. Ако многу попуштате на нивните барања, сигурно ќе потрошите многу повеќе пари.

5 Секогаш проверувајте го рокот на траење. Некогаш, производите кои се на акција, имаат само уште неколку дена рок на траење.

6 Купувајте овошје и зеленчук на парче.

7 Следете го движењето и цените на веб-страниците на продавниците или порталите за храна.

8 И за крај – уживајте во храната и подготовката на јадења! Само тогаш ќе го купите она што навистина ви е потребно.

Related Posts with Thumbnails