wordpress counter

Работното место и навиките на исхрана

РАБОТНОТО МЕСТО И НАВИКИТЕ НА ИСХРАНАРаботната просторија во која секогаш ќе најдете некој е просторијата за јадење односно за пауза. Меѓутоа, голем дел од проблемите произлегуваат токму од неа. Без разлика дали купувате од блиски продавници и млечни ресторани или пак во фирмата во која работите имате ресторан, оброкот е повеќе штетен отколку корисен.

Лошата исхрана на работното место не само што го погодува вашето здравје, туку и директно вашите работодавци. Преголемата тежина или храна која е нездрава и која ја намалува вашата продуктивност, финансиски ја ослабува компанијата. Тоа во превод значи – повеќе боледувања и отсуства, повеќе стрес, одложување на работните задачи и намалена продуктивност. И сето тоа делува негативно по финансиските резултати на работењето.

Некои од стручњаците сметаат дека треба да се случи некаков пресврт за да се добие оваа битка. Како што забранате за пушење на работа го намали бројот на оние кои се подложни на оваа лоша навика, така и некоја слична забрана за нездравата храна би можела ефикасно да делува.

Сега за сега, во отсуство на таква забрана, може да се делува само на свеста на вработените. Секое парче храна без нутритивна вредност, не само што лошо делува на долг рок по нашето здравје, туку и го скусува животниот век. А дополнително, ја чини компанијата и државата огромни финансиски средства кои би можеле наместо за лечење да се употребат во други цели.

Related Posts with Thumbnails