wordpress counter

Серијал: Бренд легенди за храна и пијалаци – Американски легенди (2 дел)

Вториот дел од серијалот им го псветуваме на неверојатните Орео колачиња. Едноставно, тоа е еден од првите синоними на американската храна.

Oreo, Kraft Foods, САД (1912 – )
• 98 години непрекинат раст;
• продадени 362 милијарди колачиња, што го прави најпродаваното колаче на сите времиња;
• ако се наредат едно врз друго сите продадени колачиња Орео досега, ќе можеме 2 пати да одиме до месечината и да се вратиме;
• 140.000 вработени;
• Орео е еден од 11-те брендови на Крафт кој има годишна продажба поголема од 1 милијарда долари;
• aмериканските Орео се прават во Вирџинија, азиските во Индонезија, додека европските во фабриките во Шпанија.

Непознато за познатото
Никој не е целосно сигурен како овие колачиња го добиле своето име. Некои сметаат дека името доаѓа од францускиот збор за злато „or“ (тоа билa и главната боја на пакувањето на почетокот). Други велат дека името доаѓа од грчкиот збор за планина, со оглед дека тест колачињата пред да се започне со производство имале таков изглед. Некои, пак, веруваат дека од зборот cream се земени буквите „re“ и се ставени помеѓу две о.

Како и да е, најважно е дека името лесно се помни и изговара на многу јазици.

Related Posts with Thumbnails