wordpress counter

Серијал вкусни места: „Омониа“ (1 дел)

„Omonia Bakery“
Место: Њујорк, САД
Дејност: Кафе бар со посебен дел за слатки и печива

„Omonia Café“ е семејна компaнија која долги години постои на американскиот угостителски пазар. Во неа буквално нема што нема. Од вкусни бели печива, преку одлични коктели и пијалаци, вечери и закуски, па сѐ до неверојатните десерти кои ги има во безброј.

Овој синџир кафетерии го има во повеќе места во САД, но сопствениците на компанијата за изгледот и уредувањето на својата нова продавница, „Omonia Bakery“ во Њујорк, решиле да го најмат архитектонското студио „Bluarch“. И мораме да признаеме дека момците одлично си ја завршиле својата работа.

Кујната е направена како кутија со зајакнато стакло, во која се гледа од било кое место во продавницата. На тој начин, гледате како ги подготвуваат вашите омилени печива и десерти на лице место.

Таванот и ѕидовите се прекриени со чоколадна боја која создава флуиден ефект, качувајќи се и симнувајќи се по различни нивоа. Сето тоа е завиткано во топчести форми, кои креираат органска целина.

За осветлување се искористени ЛЕД светилки, кои се комбинираат со дрвени сфери од црвен кедар.

Ние ве оставаме преку следните фотографии да уживате во продавницата, која изгледа слатко како и вкусот на нивните специјалитети.

Related Posts with Thumbnails