wordpress counter

Сезонско овошје: Есен (1 дел)

Есента дојде речиси незабележано. Убавото и ведро време како сѐ уште да не ни дава да го пуштиме летото да замине. Но, природата добро знае кое годишно време настапи и затоа ги збогати нашите трпези со овошје кое е карактеристично за овој период. Еве го списокот на плодови и совети како да го одбереме и чуваме.

Јаболко
Црвено, зелено, жолто, Јонатан, Златен делишес или какво и да е. Јаболкото е кралот на есента. При изборот, треба да внимавате плодот да биде цврст, без дамки и со мазна лушпа.

Како да се чува: пред да ги складирате јаболката, не траба да ги миете и потребно е да ја отстаните секоја што има знаци на расипување. Може да се чуваат до 6 недели на ладно место.

Брусница
Еден од најубавите подароци што есента ги подарува на нашиот организам. При изборот, барајте плодови кои се полни, сјајни и со интензивна црвена боја. Пред употреба фрлете ги сите плодови кои се меки или имаат кафена боја.

Како да се чува: во фрижидер може да ги чувате до два месеца, особено ако се во оригинално пакување или вие добро сте ги спакувале. Замрзнатите плодови на брусница траат и до една година.

Смоква
Смоквата е најубавиот начин да ја смирите потребата за слатко. Уживајте во мек плод без знаци на мувла и со слатка текстура. Избегнувајте ги плодовите кои имаат бела течност на крајот од стебленцето.

Како да се чува: смоквата се расипува мошне бргу. Се јадат веднаш или ако ги складирате во фрижидер, во рок од два дена.

Грозје
Грозјето е совршен десерт, токму за овие денови. Секогаш одбирајте полн плод, со изедначена боја. Важно е зрното да е цврсто врзано за стебленцето.

Како да се чува: отстранете ги сите зрна кои покажуваат знаци на расипување или имаат неденаква боја. Се чува без да се мие, од три до пет дена.

Related Posts with Thumbnails