wordpress counter

Сезонско овошје: Есен (2 дел)

Во првиот дел од статијата ги споменавме јаболкото, брусницата, смоквата и грозјето како предвесници на есента. Во овој дел ја комплетираме сликата на овошја кои го одбележуваат третото годишно време во годината.

Круша


Слатка како мед и мека на допир како свила. Кралицата на есента е токму крушата. Одберете плодови со мазна лушпа и еднакво обоени.

Како да се чува: несозреаните круши може да се чуваат на собна температура. Ако сакате побргу да созреат, чувајте ги во кафена вреќа. Ако е зрела, се чува во пластичен сад во фрижидер.

Калинки


Не веруваме дека има некој што не ужива во калинките. Секогаш одберете цврст плод кој има светло-црвена боја и поголема тежина. Лушпата треба да биде сјајна и мазна.

Како да се чува: калинката може да се чува на темно и суво место и до еден месец. Ако е во фрижидер, нејзиниот рок на траење се продолжува за уште еден месец.

Дуња


Дуњата треба да биде цврста и да има тежок, цветен мирис кој се шири низ цела куќа. Бојата на плодот нека биде златно-жолта, а кожата мазна.

Како да се чува: може да се чува во пластичен сад повеќе и од два месеци.

Јапонско јаболко


Овие вкусни јаболка треба да имаат сјајна лушпа со темно-црвена боја. Ако е Фују, плодот е деликатесен и мек, додека Хачија треба да се купува кога плодот е сѐ уште цврст и потоа да се остави да созрее.

Како се чува: созрева на собна температура, а откако ќе созрее се чува во фрижидер до две седмици.

Урма


Ако успеете да најдете свежи урми, ќе ја откриете разликата од сушените. Бирајте плод кој е полн и со мазна лушпа.

Како се чува: во фрижидер, максмиум 3-4 недели.

Related Posts with Thumbnails