wordpress counter

Школи за готвење на суд

Академии, школи, училишта, факултети, колеџи и уште како и да се нарекуваат бројните приватни „образовни институции“ кои ветуваат сѐ и сешто, само за да ги натераат учениците и вљубениците во готвењето да се запишуваат кај нив. Но, за разлика од кај нас, во САД овие училишта се на суд и тоа дадени од страна на своите поранешни студенти.

Причината е што многу од овие школи за готвење ветуваат вработување на идните нивни студенти. Со оглед дека една година на овие академии чини и неколку илјади долари, нормално е учениците да очекуваат нешто за своите пари. Меѓутоа, вистината е малку поинаква. Повеќето од студенти работат за иста или незначително поголема плата како и тие што немаат диплома.

Според некои од адвокатите кои работат на случајот, запишувањето во ваквите училишта е мошне лоша деловна одлука, која нема никаква оправданост. Училиштата го знаат тоа, но не го споменуваат при запишувањето.

Со оглед дека во последново време вакви и слични академии се отвораат на секој чекор кај нас, очекуваме државата и другите надлежни институции да стават ред во таа област, пред да биде доцна.

Related Posts with Thumbnails