wordpress counter

Што не сакаат компаниите за храна да дознаеме (1 дел)

Големите производители на храна имаат само една мисија  – да продадат колку е можно повеќе храна и пијалаци. Но, за да ја постоигнат таа цел потребно е некои работи да да ги држат во тајност од купувачите. Ова е список на тие работи:

Состојки
Состојките кои се наведени на декларацијата не се единствените кои се наоѓаат во производот. Состојките кои може да предизвикаат канцер, како што се акриламидите, може да се формираат во текот на производството, па затоа и ги нема во декларацијата.

Натриум глутаминат
Овој глутаминат се внесува преку редица други состојки, а не дирекно. Но, неговото делување е директно врз ендокриниот систем. Едноставно, ве тера да јадете повеќе и се тоа води во прилог на целта на компаниите.

Вештачки бои и рафинирани јаглехидрати
Овие две состојки се главни предизвикувачи на хиперактивноста кај децата , односно синдромот ADHD.

Аспартам
Хемискиот засладувач аспартам, по само неколку часа изложеност на висока температура, започнува да се разлага и притоа се создава формалдехид кој може да предизвика оштетувања на видот, мигрени, заматен поглед и други проблеми на нервниот систем.

Related Posts with Thumbnails