wordpress counter

Што не сакаат компаниите за храна да дознаеме (2 дел)

Прет­ходно напо­ме­навме дека посто­јат работи кои голе­мите про­и­зво­ди­тели на храна ги чуваат во тај­ност од нас купу­ва­чите. Го про­до­лжу­ваме спи­со­кот на некои од тие работи.

Сосови
Пове­ќето сосови кои ги купу­ваме се напра­вени со хидро­ге­ни­зи­рани масла, вештачки бои и натриум глу­та­ми­нат. Дури, се слу­чува сосот да не ја ни содржи глав­ната состојка која се рекла­мира дека ја има.

Пла­стично паку­вање за храна
Пла­сти­ката, споро но сигурно го пре­не­сува бис­фе­но­лот А во хра­ната. Готве­њето во пла­сти­чен сад го мулти­пли­цира нивото на изло­же­ност. Бис­фе­но­лот може да пре­ди­звика растење на гради кај мажите и хор­мон­ска нерам­но­тежа кај жените.

„Здрави про­дукти“
Пове­ќето про­дукти кои на сво­ите декла­ра­ција потен­ци­раат дека се здрави се всу­шност, нутри­тивно безвредни.

Пози­ци­о­ни­рање
Про­и­зво­ди­те­лите насто­ју­ваат да ги купат нај­до­брите пози­ции во мало­про­да­жните објекти (оние кои се во линија на вид­ното поле на купу­ва­чот). На тој начин и ово­змо­жу­ваат пого­лема про­да­жба. А, за да ги пла­тат сите тие пози­ции, мора да ги нама­лат тро­шо­ците на рабо­тење. Зна­ете како? Со кори­стење на најлоши суро­вини. Секоја чест на исклу­чо­ците, но малку се.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во Статии