wordpress counter

Што сѐ ви е потребно за добра скара?

Првомајските празници речиси секогаш се поврзани со подготовка на специјалитети од месо на скара. Најчесто тоа го правиме во природа или во дворовите на нашите домови. Оваа статија им ја посветуваме на сите вљубеници во скарата, за кој веруваме дека ги има многу.

Како до најдобра скара?
Она што е важно е дека сѐ започнува од вас и вашиот вкус. Најдобра скара е онаа која најмногу ви одговара на вас и вашите блиски. Како и да е, најважно е да започнете со скара која е добро исчистена. Нема ништо полошо од свинско филе кое поради нечистата решетка добива вкус на загорено месо. Пред да почнете да ја загревате скарата, исчистете ја решетката со крпа или спреј со растително масло, за да спречите месото да се залепи.

Загревање на скарата
Доколку користите скара на плин, тогаш загрејте ја решетката 15-30 минути пред да го ставите месото. Ако користите скара на јаглен, тогаш најдобро е да имате и коцка за потпалување, која веднаш ќе го загрее јагленот. Вам ќе ви остане само да дотурате јаглен кога ќе биде потребно.

Подготовка на храната
Месото треба да биде тенко исечено, без оглед за какво месо станува збор. Она што најмногу треба да внимавате е месото да биде на собна температура пред да го ставите на скарата. Можете да подготвите и некаква маринада со маслиново масло, зачини и сок од некое овошје, во зависност од тоа за какво месо станува збор.

Што се однесува до другите состојки, на скара може да подготвувате и пиперки, компири, тиквички, бабури, модар домат, риба, потпечено лепче…

Прибор
Ако сакате да ја направите најдобрата скара, тогаш треба да имате и соодветен прибор. Потребна ви е спатула за превртување на месото, четкичка за премачкување на решетката, спреј за чистење на решетката, јаглен, коцки за потпалување.

Related Posts with Thumbnails