wordpress counter

Сладолед за сечиј вкус

СЛАДОЛЕД ЗА СЕЧИЈ ВКУС

Замрзнатиот десерт популарно познат како сладолед е универзален деликатес кој вообичаено се прави од млеко во комбинација со овошје и други додатоци. Без оглед дали е млечен, овошен или со јаткасти плодови, тој е вкусно доживување и за децата и за возрасните. Оваа статија ќе нѐ запознае со сладоледот кој го преферираат разни нации во светот.

ФРАНЦИЈА
Совршеноста и префинетоста во живеењето се прелева и во светот на францускиот сладолед. Кремаст сладолед од ванила, прелиен со чоколадо и изрендан зелен лимон може да ве однесе во светот на сетилните задоволства. Ако сакате да вкусите вистински француски сладолед тогаш ќе се упатите кон Бертијон. Најпознатиот замрзнат бренд остана надвор од производството на големо и на тој начин го сочува меланхоличниот вкус на Париз од 80-тите.

МЕКСИКО
Оваа земја изобилува со толку видови и начини на приготвување на сладолед што може да ви се случи целиот оброк да се состои само од десерт. Сладолед од карамел со прелив од чоколадо, цимет и рендан кокос е навистина заведувачки вкус. За тие што сакаат необични вкусови, мексиканците ќе ве нагостат и со одличен пржен сладолед или сендвичи од сладолед.

ДАНСКА
Ова земја, која изгледа како да е излезена од сонот на секој фармер, произведува едно од најквалитетните млека на светот. Со таква состојка лесно е да се направи одличен сладолед. Данска прва започна да ги произведува корнетите, а денес овој десерт е храна на гурманите. Изобилството од вкусови ќе ве остави без зборови. Brownies прелиени со чоколадо, карамел пита од јаболка, црн орев или амарето со cheesecake се само некои од вкусовите кои ги одбравме за вас. Додека помалите производители ќе ви донесат носталгични чувства, со вкусот во кој се чувствуваат многу јајца и јак крем.

МАЛЕЗИЈА
Овој десерт во Малезија е познат како Ajs knack, или во превод – сладолед од црвен грав. На сите страни во државата, но и во Сингапур, од ресторан до уличен продавач, сите го нудат овој деликатес. На почетокот се правел само од дробен лед и црвен грав. Денес е во јаки бои, со различни овошни додатоци и сосови. Базата, освен гравот, може да ја сочинуваат и палмово семе, желе и агар – супстанција која се добива од морски алги и која се посипува одозгора со дехидрирано млеко.

ТУРЦИЈА
Сладоледот во Турција е познат под името дондурма и се прави од козјо млеко. Јужна Турција е особено позната по подготовка на сладолед со салеп, кој му дава еластичност која ве прави љубопитни. Ваков сладолед со цреши ќе ве остави без зборови. Додека се топи, многу малку ја менува својата форма. И покрај растегнатоста и еластичноста можете да го јадете со лажица.

Related Posts with Thumbnails