wordpress counter

Совети за исхрана на бебињата (1 дел)

Воведувањето нови продукти во исхраната на бебињата значи и почеток во создавањето на животните ставови во врска со храната. Поголем дел од првата и втората година родителите ја минуваат во хранење на бебето. Оваа статија е наменета токму на оваа тема, која е мошне комплексна.

Најпрепорачливо е новиот продукт да се воведе во текот на утринските часови. Доколку тој продукт предизвика некава алергиска реакција, ќе можете да појдете кај матичниот лекар. Ако воведувате два нови продукти, нека има пауза од 4-5 дена. Важно е количината на продуктот постепено да се зголемува, за да може детето да се навикне на новиот вкус.

На почеток, храната треба да биде добро иситнета и да не биде прегуста. Со појава на запчињата, храната повеќе не мора да биде толку ситна. Во ниту еден случај не е препорачливо да додавате сол, зачини и шеќер. Ако детето одбива да ја јаде новата храна, направете пауза од неколку дена и повторно понудете му ја.

Кај децата кај кои постојат предиспозиции за појава на алергии (родители кои се алергични), воведувањето на нови продукти треба да биде повнимателно. Продукти кои може да предизвикаат алергиски реакции се: кравјо и козјо млеко, ореви, лешници, бадеми, кикиритки, белки од јајца, јагоди, житарки кои содржат глутен (пченица, рж, јачмен, овес), морски плодови, мед, цитруси, чоколадо.

Редоследот на воведување на храната не е важна за здравјето на детето, но еве еден пример кој е покарактеристичен кај нас:

1. Житни каши
2. Овошни сокови
3. Овошни каши
4. Зеленчукови каши
5. Месо и риба
6. Кравјо млеко и јајца

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Внимавајте! Голо пиво!

Тимур Салихов е руски дизајнер кој понуди едно навистина интересно пакување за пиво. Станува збор за лименка на која се...

Close