wordpress counter

Совети за исхрана на бебињата (2 дел)

Во првиот дел споменавме некои важни моменти во исхраната на бебињата и малите деца. Особено кога внесуваме нови продукти. Денешниот, втор дел од статијата, посветен е на 5 мошне важни совети кои треба да ги знае секој родител.

Одберете момент
Внимавајте детето да не биде потполно гладно, затоа што во тој случај нервозата ќе му го расипе уживањето.

Поттикнете го на истражување
Детето сигурно ќе посака да игра со храната. Бидете толерантни и оставете го. Тоа ќе ја проучува храната и на тој начин ќе се развива.

Понудете му мали порции
Во почетокот ќе јаде помали порции (1-4 мали лажици), но со тек на времете тие ќе се зголемуваат.

Избегнувајте да го терате да јаде со сила
Ако не му се допадне новиот вкус, не го терајте да јаде со сила. Направете пауза од неколку дена и повторно понудете му ја новата храна. Понекогаш се потребни 10-тина вакви обиди за да ја прифати новата храна.

Препознајте кога е сито
Во моментот кога ќе започне да ја врти главата и да се оттрга од лажицата, тогаш не го терајте да јаде. Верувајте дека сè додека детето напредува, тоа внесува доволна количина храна.

Трпение-спасение
Вооружете се со многу трпение при воведувањето на продуктите, но и намалете ги очекувањата дека детото ќе прифати сè што му давате и во онаа количина која сте ја замислиле.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Најдобри растенија за слабеење и детоксикација (1 дел)

Голем дел од растенијата во природата ни помагаат во детоксикацијата на организмот, го поттикнуваат метаболизмот, го намалуваат апетитот и помагаат...

Close