wordpress counter

Спанаќ – измислен за комбинирање

Спанаќот е еден од највкусните лисести зеленчуци. Има потекло од Азија, но денес е дел од речиси сите светски кујни и како продукт може да се додаде буквално во секое јадење.

Спанаќот одлично се комбинира со тестeнини (канелони, тортелини), потоа во јадења со јајца, а од него се приготвуваат разни супи, пире специјалитети, сосови и пити. Ако го комбинирате со путер, павлака и сирење – не може да погрешите.

Од нутритивна гледна точка, најдобра е комбинацијата од спанаќ и млечни производи со оглед дека калциумот од млечните производи се врзува со некои киселини од спанаќот кои ги „крадат“ минералите од организмот. Може да се комбинира и сиров, за да не се губат витамините, минералите и фитохемикалиите од него.

Ако приготвувате салата, тогаш идеален избор е младиот спанаќ. Тој има посладок вкус и е помалку жилав. Во таков случај потребно е да се комбинира со сок од лимон, младо козјо или кравјо сирење, ореви и маслиново масло. Од сировиот спанаќ може да се приготвува смуди со банана и јаболко.

Ако го варите, тогаш внимавајте тоа да не биде повеќе од 1-2 минути затоа што станува збор за мошне нежен зеленчук. Секогаш треба да е добро измиен затоа што расте во песокливи предели и потребно е да се отстранат поголемите стебленца. При варење, неговата маса знае да се намали и за 90%.

Што се однесува до чувањето, тој не треба да се складира во фрижидер и најдобро е да се консумира најдоцна до следниот ден, затоа што подоцна започнуваат да се формираат нитрити, кои се штетни за нашиот организам.

Related Posts with Thumbnails