wordpress counter

Среќен роденден, чоколадо!

На денешен ден, 14 јули 1550 година, европските народи за првпат се запознаа со новиот, за тоа време егзотичен десерт – чоколадото. Води потекло од Мексико и во прво време бил пијалак, односно течно чоколадо.

Инаку, одгледувањето на какао влече корени од 1250-тата година пред Христа. Маите го одгледувале какаото во своите градини и од него правеле церемонијални пијалаци. Од друга страна, aцтеките пиеле „xocoati“ – горчлива вода зачинета со ванила и чили. Покрај за лично задоволство, овие народи ги користиле зрната какао и како средство за размена.

Најнапред чоколадото се појавило во Шпанија, но таму не добило многу на популарност. Сепак, приказните кои ги ширеле шпанските освојувачи го освоиле стариот континент. Најголемата популаризација се случува во 1660 година, кога на францускиот двор Марија Тереза и Луј XIV започнале да уживаат во слаткиот напиток, на кого му припишале афродизијачки својства.

Првата продавница за чоколадо е отворена во Лондон во 1657 година и тогаш се сметало дека овој десерт лекува туберкулоза. Сѐ до 1700-та година, во какаото се додавало кафе, вино и бибер. Подоцна, холанѓаните и англичаните започнале да додаваат млеко и шеќер.

Благодарение на големата популарност, масовното производство станало неизбежно. Неколку векови подоцна, фабриката „Fry & Sons“ му ја подарија на чоколадото тврдата форма, онаа која нам ни е позната.

Related Posts with Thumbnails