wordpress counter

Светот на Песто

Песто е универзален сос без кој не може да се замислат многу италијански специјалитети. Неговата посебност доаѓа од свежината која ја дава босилекот и од посебниот земјест вкус, за што се одговорни маслиновото масло и лукот.

Најпознат ваков сос е оној што ни доаѓа од Џенова. Но, со оглед дека е дел од медитеранската исхрана, секоја од овие земји имаат свои варијанти и подваријанти на овој сос. Некои од тие варијанти се традиционални, некои модерни, но во основа пестото останува она што е – сос кој се користи за маринади, салати, тестенини, пици, месо.

Во северна Италија на пример, се подготвува песто со ореви и се користи за паста и брускети. Постои и песто магданос, кој е одличен избор за сардина и други видови риба. По вкус е сличен на „salsa verde“, пикантен е, густ поради коцките лепче во него и се служи и со месо на скара.

Се подготвува и песто од млад лук, кој одлично се комбинира со јајца и паста, додека силното сицилијанско „pesto rosso“ се подготвува со бадеми и сушени домати. Постои и германска варијанта, во која пестото содржи и киселец и поточарка. Се консумира со варен зеленчук.

Од друга страна, песто со ф’стаци е послатка варијанта, која добро оди со потпечен зеленчук. Ако се решите за pesto calabrese“, тогаш во секој случај додадете рикота, за да го „смирите“ вкусот на црвените пиперки.

Related Posts with Thumbnails