wordpress counter

Тајната состојка на чоколадото

Поголемиот број од нас многу често знаеме да уживаме во неповторливиот вкус на чоколадото. Иако има голем број калории, сепак чоколадото (особено ако е темно) може да биде многу делотворно за нашиот организам. Но, сте запрашале ли некогаш од каде доаѓа тој божествен вкус на чоколадото?

Луѓето од списанието „Wired“ ги заинтересирало истото прашање и решиле да ги истражат состојките на чоколадото. Покрај какао и млеко, чоколадото содржи и шеќер, калциум хлорид, кој служи за згрутчување на зрната соја, соја лецитин, кој е микс од фосфолипиди и кој се однесува како емулгатор за да ги држи заедно останатите состојки.

И конечно, доаѓаме до тајната состојка на чоколадото. Се нарекува какао путер и во суштина е масниот дел на зрната на какао. Се топи на температурата во нашите усти, вкусот се пренесува преку непцето и на тој начин ни го создава и пренесува тој неверојатен вкус.

Да живее какао путерот!

Related Posts with Thumbnails