wordpress counter

Тајните на јаткастите плодови

Мастите од јаткастите плодови се одлични за нашето здравје. Затоа овие плодови ќе ви ги препорача секој доктор. Со исклуок на костенот кој е богат со скроб, а сиромашен со масти, сите други плодови од овој тип спаѓаат во калорични продукти, но со масти кои се добри за нашето здравје.

Интересно е дека сите јаткасти плодови можеме да ги сомелеме заедно и ќе добиеме паста слична на путер. Овие пасти готвачите со посебно уживање ги додаваат во разни јадења, за да го збогатат нивниот вкус и структура. Таков е случајот со марципанот, кој се добива од бадеми.

Од овие плодови се добиваат масла. Добивањето е на два начина: со ладно пресување или со помош на рафинирање. Ладно пресуваните масла се користат како зачин, додека рафинираните за готвење.

Овие масла може да се користат буквално во безброј специјалитети. Важно е да бида ладни, затоа што со загревање добиваат на горчливост. На пример, маслото од орев одлично оди со свежи салати, риба и пилешки стекови. Важно е да напоменеме дека останува на вас и на вашата фантазија како ќе ги употребите овие плодови и масла.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Стратегија за развивање на гастрономскиот туризам во Македонија

Во рамките на развојот на туризмот кај нас, Владата најави проширување на списокот на угостителски објекти за исхрана. Имено, станува...

Close