wordpress counter

Тајните на ресторанското мени

Уметноста на пишување на ресторанско мени подразбира и употреба на психологија и маркетинг. Верувајте дека големите ресторани вложуваат време и финансии во правилно дизaјнирање на менито. Еве на што тие внимаваат, за ние како гости да останеме со отворена уста.

Позиции во менито на кои застанува нашиот поглед
Постојат повеќе таканаречени точки на кои ќе застане нашиот поглед. Тоа зависи од големината на менито. Ако има само една страна, тие точки се некаде на половина. Како и да е, две од тие позиции се главни – јадења на куќата и јадења кои се наведени на почетокот на страницата. Тоа се јадења за кои сопственикот верува дека ќе ве донесат повторно во неговиот ресторан.

Јадења кои носат најголем профит
Втор тип на јадења кои се посебно обележани се оние кои се прилично профитабилни за ресторанот. На пример, пастата е секогаш ефтина, без оглед дали оди со месо или некој фенси сос. Тоа, сепак, не значи дека тоа јадење е лошо, туку само дека носи голем профит за ресторанот.

Хиерархија и организација
Повеќето менија се организирани така што започнуваат со предјадења и завршуваат со десерти. Според истражувањата, гостинот секогаш гледа во почетниот и во крајниот дел на менито. Но, не заборавајте дека и низ средината на менито може да се најдат интересни јадења.

Препорачани јадења
Вашиот келнер секогаш има нешто да ви препорача. Понекогаш тоа се јадења кои сака да се промовираат или јадења кои имаат состојки кои ги има на поголема залиха во ресторанот. Повторно, тоа не мора да значи дека јадењето е лошо. Како и да е, останува на вас да одберете.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Крцкав помфрит со пржен кромид

Овој рецепт има состојки кои лесно можат да се купат кај нас, меѓутоа како комбинација речиси и да не се...

Close