wordpress counter

Тема: Дали купувачите помислуваат на работниците кои ја произведуваат храната?

Оваа статија ја посветуваме на едно мошне важно прашање кое кај нас некако како да е ставено настрана и да не му се посветува доволно внимание. Станува збор за прашање кое всушност ни е наменето нам купувачите и гласи: Дали помислуваме на работниците кои ја произведуваат храната и нивните работнички права?

Станува збор за т.н „етички вкус“ – поим кој во развиените земји одамна е вдомаќинет. Една цела групација на светски експерти се занимава со ова прашање. Прашање кое на прв поглед изгледа дека комбинира две работи кои не се поврзуваат – вкус и етика.

Сепак, мораме да знаеме дека поимот „етичка храна“ е веќе мерлива пазарна категорија и поради тоа сѐ повеќе интерес за утврдување на моралните аспекти на исхраната. Токму тој интерес треба да нѐ одведе до одговори на бројни прашања: Колку суровини доаѓаат од земји каде не се исполните ни основите работнички права? Дали работодавачот гарантира за правата на работниците, како што навел во своите декларации или медиумски соопштенија и.т.н.

Во тој контекст, мора да се утврди и искорени злоупотребата на детскиот труд, екстремно експлоатирање на работниците, изложеност на штетни хемикалии при работниот процес, „мобинг“, безобразно ниски надници, немање одмор, ниту слободен ден… И така до недоглед.

Секако, тука не треба да се заборави и на бројните суптилни невистини кои ги пласираат производителите. На пример, на многу декларации постојат наводи дека состојките се „природни“ или се од „приридони извори“. И двата поима се нејасни, дискутабилни и тешки за дефинирање. Честопати, станува збор за „неетички вкусови“ или поточно, во самиот производ го нема тоа што е наведено на декларацијата.

Ова се само дел од прашањата кои ги зачнавме во оваа статија. Со оглед дека светските трендови водат кон поставување на сериозна дисциплина, која се нарекува „етика на храната“, ние ќе продолжиме да работиме на ова прашање. Притоа, ве повикуваме и вие активно да учествувате со свои сознанија, докази или случки кои ќе помогнат во разрешување на овие состојби и дилеми.

Related Posts with Thumbnails