wordpress counter

Тест за прехранбена интелигенција

Овој тест го осмислила британската докторка и научник Џилијан Мекејт која е директорка на угледна лондонска клиника. Нејзините пациенти се членови на кралското семејство, познати спортисти, актери, но и обични луѓе. Одговорете на следните прашања и дознајте дали правилно се храните.

1. Јадете ли барем едно парче свежо овошје на ден?

2. Јадете ли зеленчук барем пет пати во текот на неделата?

3. Јадете ли ориз, квиноа, просо, овес или други житарки барем три пати неделно?

4. Дали консумирате сиров зеленчук барем еднаш на ден?

5. Дали јадете сирови семки барем три пати неделно?

6. Дали готвите јадења со морски алги?

7. Дали рибата е дел од вашата исхрана барем два пати неделно?

8. Дали ја џвакате храната темелно?

9. Се обидувате ли да избегнувате храна која содржи адитиви, конзерванси, бои и Е-броеви?

10. Дали избегнувате храна која содржи шеќер?

11. Ако сте под стрес, дали чекате да се смирите малку пред да почнете со јадење?

12. Дали вашата мајка ве доела додека сте биле мал/а?

13. Се обидувате ли да најдете време барем за еден правилен оброк дневно без оглед колку работа имате?

14. Дали појадувате секој ден?

15. Дали пиете флаширана изворска вода секој ден?

16. Дали пиете барем 8 чаши вода дневно?

17. Дали избегнувате да пиете пиво, алкохол или газирани пијалаци во текот на оброкот?

18. Пиете ли вода пред наместо по оброкот?

19. Дали консумирате разновидна храна?

20. Цедите ли барем еднаш неделно сокови од свеж зеленчук?

Резултати: ако имате помалку од 11 одговори со ДА, тогаш според оваа позната докторка, вашиот начин на исхрана е лош и морате да го менувате. Доволно е да се придржувате до прашањата во овој тест и да го промените начинот на исхрана.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Ентони Бурден подготвува гастро стрип

Еден од најпознатите гастро патописци, Ентони Бурден е прилично зафатен во последново време. Првин, ја најави својата нова емисија на...

Close