wordpress counter

Трендови во светот на храната за 2013 година

Според истражувањата на „The Food Channel“, следната година во светот на храната ќе доминираат следниве десет трендови:

Повеќе чадена храна и чадени пијалаци
Освен задолжителните сланина и скара, треба да очекуваме и чадени коктели, чадено маслиново масло, па дури и чадена вода. Нордиската кујна, која е карактеристична по користењето на чадена храна, ќе го предводи овој тренд.

Поголема популарност на домашното пекарство
Со големиот број помошни кујнски алатки како садови за печење, рецепти, упатства, приготвувањето на домашни пекарски производи ќе стане лесно и популарно.

Фиксни оброци
Трендот на фиксен вечерен оброк од Европа се шири и кон другите делови на светот. Ќе стане вообичаена пракса во повеќето ресторани.

Нова професија: консиерж во супермаркет
Во супермаркетите ќе се појави нова професија – консиерж. Овој специјалист ќе ве придружува при изборот на најдобрите сирења, месо или печива.

Ужината станува оброк
Ужината наместо меѓуоброк станува главен оброк. И тоа пропратена со сите можни настани и забава во рестораните и останатите места за јадење.

Нема повеќе сезонски јадења
Сè она што се сметало за сезонско јадење повеќе не е тоа. Затоа, очекувајте мафини од тиква во лето и ред други јадења кои досега беа резервирани за едно годишно време.

Употреба на чај во готвење
Консумацијата на чај продолжува да расте, но сега чајот започнува да се користи и при готвење. Како што многу видови месо се приготвуваат со кафе или какао, сега таа улога ќе ја има и чајот.

Популаризирање на необични јадења
Јапонското „рамен“, корејското „кимчи“, кинеските „сончеви колачиња“ или виетнамско „фо“. Трендот ќе подразбира откривање и популаризирање на јадења од кујни кои не ни биле доволно познати.

Здрава исхрана
Голем дел од гостите не само што сакаат да изгледаат добро, туку сакаат да имаат и добро здравје. Поради тоа, рестораните ќе мора да одговорат на барањата на гостите и да вклучуваат повеќе здрави јадења во своите менија.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Во затвор поради кавијар

Еден американски дистрибутер на кавијар, кој избегнувал затвор речиси 25 години, минатата недела е прогласен за виновен за противзаконски увоз...

Close