wordpress counter

Вино и сирење (1 дел)

За да го сакате виното, потребно е совршено да го разбирате. Ова е главно мото на сите вљубеници во виното. А, добрата капка секогаш е во друштво на вкусен гурмански залак. Светски прваци во хедонизам од овој тип се французите. Тие, со своето уживање во добро вино и храна, го уништија митот дека за да доживеете 100 години мора да се откажете од сирење, алкохол и месо.

Сирењето и виното се слични. И двата се производи на процесот на ферментација и се прават од различни видови грозје, односно млеко. Затоа, при нивно комбинирање, најважен совет е: „Слушајте го својот нос!“ Основно правило е дека со тешки, стари и црвени вина – одат тешки, тврди и ароматични сирења, додека со бело или розе вино – неутрални, млади и кремасти сирења.

Младо сирење со мед во комбинација со слатко вино
Многу младото кравјо сирење (рикота или моцарела) може да се прелие со малку мед. Се служи со слатки вина како „мускат“ или „траминец“.

Кремасто сирење привлекува кисело вино
Нежни сирења (како бри) добро одат со бели вина со нежен мирис, како „совињон блан“. Доколку сирењето е покремасто (зрел камембер), тогаш подобро е да комбинирате со кисело бело вино или црно вино со малку танини. Со трапист и гауда најдобро одат „пино нуар“ и „мерлот“.

Related Posts with Thumbnails