wordpress counter

Вино и сирење (2 дел)

Во првиот дел од статијата наведовме неколку интересни комбинации на вино и сирење. Денес, продолжуваме за да ја комплетираме статијата и секако, нашето познавање на комбинацијата на овие два фантастични производа.

Вкусно и слатко
Со сино сирење се служат слатки вина како „траминец“ или „совињон блан“, кои треба да бидат слатки, добиени од грозје со доцна берба. Од друга страна, со солени и ароматични сирења како пармезан, напијте се суво и ароматично вино како „ризлинг“. Со фета сирење добро оди лесно црвено вино.

Тврдо сирење
Јаките и тврдите овчи сирења бараат силни црни вина. Во оваа комбинација нема да погрешите ако употребите „каберне совињон“.

Сервирање
Тврдото сирење треба да се извади од фрижидер барем еден час пред послужување. Неговата потполна арома ќе дојде до израз само при собна температура. Меките сирења, кога ќе се извадат од фрижидер, брзо се топлат.

Кружните и квадратните сирења се сечат како торта, додека правоаголните (чедар) и тврдите (пармезан) се сечат на блокови. Горгонзолата и рокфортот исечете ги на триаголници.

Со вино и сирење секогаш добро одат и лебот и печивата. Тие се сервираат исечени на парченца или коцки. Нека има богат избор – бел, интегрален, пченкарен, леб со тиква и сончоглед.

Ако правите даска, тогаш покрај сирење, сервирајте и крушки, јаболка, суви смокви, ореви и суво грозје. Со тврдите сирења добро оди и путер, додека со слатките сирења рен и целер. Зрелите се комбинираат со домати, маслинки, ротквици и лук.

Related Posts with Thumbnails