wordpress counter

Вистина или лага? (2 дел)

Во првиот дел споменавме три мита, од кои едниот утврдивме дека е лага, а другите два дека се делумно точни. Денес, продолжуваме со уште неколку тавки „приказни“ и расчистувањето дали се лага или вистина.

Многу јајца = многу холестерол
Холестеролот кој се наоѓа во јајцата не придонесува за голем раст на холестеролот во организмот. Тоа повеќе се случува поради јадење на заситени масти кои се наоѓаат во секојдневните продукти. Јајцата се одличен извор на протеини, витамини Д, А и Б2. И покрај тоа што сте прочитале, не постои препорачана количина на јајца која смеете да ја јадете.

Житарките се најдобар начин да се почне денот
Делумно точно. Причината се шеќерите кои ги содржат житарките. Една студија покажа дека од 100 водечки брендови за житарки, кај 22 количеството на шеќер во една порција на житарки било еднакво на количеството што го има во една крофна со џем. Секако, ова не значи дека треба да се откажеме од житарките, туку повеќе да ги консумираме овесните, муслите без шеќер или интегралните житарки.

Храната означена со ниска масленост е најдобра
Делумно точно. Секако дека храната со ниска масленост е подобра од онаа другата, но од друга страна, таа храна има шеќери и сол за да се компензира во вкусот. Треба да имате предвид дека јогуртот со ниска масленост не е секогаш најдобриот избор за вечера.

Related Posts with Thumbnails