wordpress counter

Вистина или лага (3 дел)

Досега поминавме 6 мита за кои секогаш постоеле несогласувања околу тоа дали се вистина или лага. Ова е еден обид да го расчистиме тоа двоумење.

Компирите дебелеат
Лага. Единствено начинот на приготвување може да ви создаде претстава дека се чувствувате подуено или сте „качиле“ некој килограм. Компирот е одличен извор на јаглехидрати и диететски влакна. Фактот што го приготвувате со путер или некаков сос, не го прави помалку здрав оброк.

Постои ли суперхрана?
Досега ниту еден експерт не означил определена храна за суперхрана. Некои видови зеленчук и овошје со јаки бои содржат големо количество антиоксиданси и секако се одличен избор за вашата исхрана, но ниту еден плод од нив не е официјално наречен суперхрана. Најважно е нашата исхрана да биде избалансирана, што во превод значи вклучување храна од секоја група во точна пропорција. Тогаш добиваме суперхрана.

Нашето тело ни кажува дека сме гладни
Лага. Оваа теорија само може да го намали чувството на вина кога ќе изедете поголемо парче чоколадо или некоја друга храна во поголема количина. Според научниците, кога телото бара храна, тоа е само определна состојба на умот која не значи дека е точна. Според истражувањата, нашите тела најмногу ја бараат онаа храна на која најмногу сме приморани да ѝ се спротивставуваме. Пример: брзата храна или храната на која најмногу сме изложени.

Related Posts with Thumbnails