wordpress counter

Витка линија за превработените (2 дел)

Во првиот дел споменавме дека луѓето кои работат долго и напорно често имаат проблем со начинот на исхрана. Токму овие две статии нудат неколку совети како да имате витка линија дури и кога сте превработени.

Барем еден ден во неделата направете режим според кој нема да јадете пржена храна, нема да пиете газирани пијалаци и алкохол.

Ќе почувствувате навистина убаво чувство кое ќе сакате да го повторувате, a со тоа полесно ќе дојдете до вита става.

Секогаш имајте предвид дека вие сте одговорни за вашето тело и линија. Никој друг не може да ви помогне, колку што можете вие самите на себе.

Нe мора да се откажете од сé. Сите имаме слаба точка кога е храната во прашање. Знаеме дека нешто не е здраво за јадење, но сепак се почестуваме со тоа. Можете да си направите ќеиф од време на време, но внимавајте на количината.

Физичките вежби се важни. Не мора да биде тоа нешто со кое не сакате да се занимавате. Значи, ако не сакате пилатес, не одете не пилатес. Можете да најдете и друг тип на вежби кои ќе ве исполнат целосно и нема да го оптоварат вашиот распоред.

Јо-јо ефект. Ова е најлошиот демотиватор за одржување на линијата и намалување на килограмите. Ова се случува кога од исхраната ќе исфрлите поголем број продукти и поради тоа гладувате. Кога ќе почнете редовно да јадете, почнувате да мешате најразлични продукти и поради тоа се враќаат килограмите. Затоа, одберете бавно, но правилно темпо.

Related Posts with Thumbnails