wordpress counter

Вкусот на храната зависи од нејзината температура

Една студија објавена во списанието „Chemosensory Perception“ покажува дека доживувањето на сладок, кисел, солен и горчлив вкус се менува како што се менува температурата на храната. Или со други зборови, иста храна може да има различен вкус, зависно од температурата на која е сервирана.

Дополнително, откриено е дека дека некои луѓе имаат развиени посебни делови на јазикот кои на топла и ладна храна реагираат со содавање на чувство на вкус. Се проценува дека околу 30% од населението има такви термални папили и тие индивидуи посилно го доживуваат вкусот.

Солениот вкус на јадењата доаѓа особено до израз кога се потополи, а тоа се случува и со киселоста. Обратно е кога станува збор за горчливиот вкус. Сепак, најинтересен е слаткиот вкус. Неговиот интензитет не се менува, без оглед дали десертот е послужен на 5 или 35℃.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Кујнски сад кој сам ја меша храната

Овој практичен сад на иноваторот Хидеки Ватанаби не е резултат на некоја нова технологија, туку повеќе е плод на креативност....

Close