wordpress counter

Време е за брокула!

Брокулите се растение од фамилијата на зелки, чии цветови се консумираат како зеленчук. Самиот збор брокула доаѓа од италијанскиот збор „broccoli“ што значи „цветен врв на зелката“.

Цветовите на брокулата се зелени и ги држи стебленце кое исто така се консумира. По својот изглед, брокулата е доста слична со карфиолот. Започнала да се одгледува на Медитеранот уште во 6-тиот век п.н.е. Во времето на Римската империја, брокулата се сметала за посебен и уникатен тип на зеленчук.

Овој плод е полн со витамин Ц, како и диететски влакна. Има моќно анти-канцер делување. На пример, брокулата го намалува количеството на сулфарофан (канцерогена состојка) за 20-30% после само 5 минути и за цели 77% по половина час. Таа има највисоки количини на каротеноиди во целата фамилија на која ѝ припаѓа. Богата е и со лутеин, а содржи и умерени количини на бета-каротен.

Постојат три основи вида на брокула. Најпозната е „калабрезе“, која ја има и на нашите пазари и во нашите продавници. „Sprouting“ брокулата има поголем број на цветови со тенки стебленца, додека „виолетовата“ брокула повеќе личи на карфиол и се продава главно во Италија, Шпанија и Британија.

Лична карта
Во 100 гр плод на брокула има 34 калории, што е 2% од дневната препорачана количина (ПДК), 2.8 гр протеини (6% од ПДК), 6.6 грама јаглехидрати (2% од ПДК), 0.4 гр. масти (1% од ДПК) и не содржи холестерол.

*ДПК – дневна пре­по­ра­чана количина

Брокулите може да се најдат свежи и замрзнати. Најдобро е кога се свежи и при тоа се користат како состојка во салати, супи, чорби или гарнир кон јадења од месо. Печени брокули се еден од најчесто користените рецепти. Често знае да бидат дел од оредевери, а се смета и за мошне популарен сиров зеленчук. Се приготвува со техники на варење, пржење во масло и варење на пареа.

Интересни факти

● во Италија постои пица од брокули;
● на азискиот континент брокулите се додаваат кон нудлс, супи и јадења од месо;
● брокулата не сака топло време. Најмногу успева на температура од 18-23 степени.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Печено јагнешко месо со салса

Овој рецепт е наменет за богат неделен ручек. Печеното јагнешко месо со салса се служи со потпечени компири со лук....

Close