wordpress counter

Време е за цреши!

ВРЕМЕ Е ЗА ЦРЕШИ!

Секое годишно време си носи свои плодови. Но, мораме да признаеме дека летната сезона носи најголем избор на зеленчук и овошје. Без малку секои 2-3 дена се појавува нешто ново, свежо и сезонско. А, оваа недела ја посветуваме на црешите и ќе ја наречеме недела на црешите.

Црешата е месест плод кој има семка и е дел од прилично голема фамилија на која припаѓаат и бадемите, праските, сливите и кајсиите.

Јаката црвена боја се должи на присуството на антоцијанинот, кој претставува пигмент кој е одговорен и за прекрасната боја на боровинките, капините, виолетовиот кромид и зелка, цвеклото. Оваа растителна боја всушност помага при разни запаленија и ја намалува болката.

Покрај тоа, е мошне јак антиоксиданс и извор на мелантонин, со што се забавува процесот на стареење. Според истражувањата на Cherry marketing Institute, консумацијата на цреши придонесува за исклучително ниско ниво на холестерол и триглицериди. Овој прекрасен плод содржи и витамин А и Ц, како и биофлавониди и заедно со претходно наброените состојки е одлично оружје во борба против ракот и срцевите заболувања. Богата е со калиум, кој помага во исфрлување на вишокот вода во организмот и намалување на крвниот притисок.

ЦРЕШИ: ТАБЕЛА СОСТОЈКИ

ФАКТИ ЗА ЦРЕШАТА
• Може да се користи во секој јадење – од супи и салати, па сѐ до егзотични главни јадења
• Мошне бргу се расипуваат па затоа е најдобро да се консумираат во рок од два дена по купувањето
• Екстрактот од цреши е дел од многу апчиња и капсули кои служат да ja одржат pH вредноста на телото

ПОЗНАТИ РЕЦЕПТИ
Мараскино ликер од цреши, Cherries Jubilee десерт од темни цреши фламбирани со коњак и потоа прелиени врз сладолед од ванила, Kirsch германско бренди направено од дестилиран сок и лушпи од цреши.

КОМПАТИБИЛНОСТ СО:
црниот пипер, особено кога се подготвува свинско и говедско месо, потоа со рикота и маскарпоне, од млечните производи со слатката павлака, а од тревките и зачините со жалфија и врбинка.

ЦРЕШИТЕ И МЕДИЦИНАТА
Одлично делуваат во подобрување на расположението што на сите ни е потребно во ова време. Особено се делотворни при отстранување на физички и психички замор и за таа цел е потребно три пати дневно да јадете по 250 гр цреши. Против реума потребно е 8 дена да пиете три пати на ден по една чаша сок од свежи цреши. Против болки предизвикани од артритис доволно е да консумирате по 20 цреши на ден.

Related Posts with Thumbnails