wordpress counter

Време е за цвекло!

Цвеклото може да се јаде во секој дел од годината, но, некако токму во текот на есента започнуваме пообилно да го консумираме. Цвеклото е едно од неколкуте варијанти на Beta vulgaris кои се одгледуваат. Станува збор за двегодишно зељесто растение кое најмногу се одгледува во северна и централна Америка, како и во Британија.

Цвеклото може да се консумира варено, печено на скара или динстано со друг зеленчук. Често се користи и во ладни салати кои се приготвуваат од цвекло, но и како кисело цвекло, односно туршија во нашите краишта. И зелениот лисест дел од цвеклото се консумира. Се јаде варен или приготвен на пареа. Има сличен вкус и текстура како спанаќот.

Постојат бројни видови на цвекло кои се одлгедуваат и консумираат, а како најчести ќе ги споменеме: „Bull’s Blood“, „Golden Beet/Burpee’s Golden“, „Chioggia“, „Detroit Dark Red Medium Top“, „Early Wonder“, „Perfected Detroit“, „Red Ace Hybrid“, „Ruby Queen“ и „Touchstone Gold“.

Од медицинска гледна точка, цвеклото е богато со силни антиоксиданси и нутритивни состојки. Одлично е за кардиоваскуларното здравје, поради присуството на бетаин. Покрај тоа, бетаинот делува и на здравјето на црниот дроб, со тоа што не дозволува да се создаваат масни наслаги. Го намалува крвниот притисок и за тоа е доволно да пиете по 500 мл сок од цвекло дневно. Интересно е дека сокот од цвекло помага и при оптоварување на мускулите во процесот на вежбање.

Лична карта
Во 100 гр варено цвекло има 10 гр јаглехидрати, од кои 8 гр се шеќери, а остатокот диететски влакна. Има 0.2 гр масти, околу 2 гр протеини и нема холестерол.

Интересни факти

● маршалот Монтогомери ги испраќал своите трупи на опуштање на т.н. „полиња со цвекло“. Тоа било синоним за сексуални работнички;
● уште од средниот век цвеклото се користи како лек за разни болести поврзани со дигестивниот и крвниот систем;
● Бартоломео Платина, италијански ренесансен писател, препорачувал конусмирање на цвекло за да се отстрани мирисот доколку сте јаделе лук.

Related Posts with Thumbnails