wordpress counter

Време е за грејпфрут!

Грејпфрутот е суптропско цитрусно дрво кое има плод со горчелив вкус. Кога за првпат е пронајдено се нарекувало „забрането овошје“. Често се мешало со друго овошје познато како помело и кое од неодамна може да се купи и кај нас.

Дрвото на грејпфрут е зелено преку целата година и може да достигне до 15 метри висина. Листовите се темно зелени, долги и тенки. Цветовите се бели.

Плодот на грејпфрут има жолта лушпа, а месото е раслоено, со кисело-горчелив вкус.

Најголеми производители на грејпфрут се САД, Кина, Јужна Африка, Мексико и Сирија. Постојат жолти, портокалови, црвени и розови видови на грејпфрут. Кое и да го одберете, нема да погрешите. Одлично се комбинира со риба, но и со пилешко и свинско месо. Ако го комбинирате со зачини, користете кардамом, муксатно оревче, каранфилче и цимет. Добро се комбинира и со свежи зачини како нане, босилек, тарагон и рузмарин. Интересно е дека одлично оди и со чили пиперчиња.

Грејпфрутот е одличен извор на хранливи состојки и фитохемикалии. Во него има витамин Ц, антиоксидант ликопен и ред други состојки кои помагаат во избалансираната исхрана. Има антимикробско дејство, а делува и на клеточниот систем со продолжување на животот на клетките.

Лична карта
Во 100 гр плод од грејпфрут има 33 калории, 0.69 гр протеини, 0.10 гр масти, 8.41 гр јаглехидрати и нема холестерол.

*ДПК – дневна препорачана количина

Интересни факти

● во Костарика, грејпфрутот се вари за да се отстрани неговата киселост. Од него се приготвува десертот „toronja rellena“ или полнет грејпфрут;

● грејпфрутот го инхибира влијанието врз метаболизмот на некои лекови, со што може да се употребуваат помали дози и да се намалат трошоците на лекување;

● во 1929 година бил патентиран црвениот грејпфрут, што е прв патент кој се однесува на ова овошје;

● грејпфрутот е дел од седумте чуда на островска земја Барбадос;

● ова овошје е хибридно овошје кое го создала самата природа.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Сладолед од кој може да се опиете

Овој сладолед содржи вино од чија количина навистина може да се опиете. Станува збор за производот „Wine Ice Cream“ на...

Close