wordpress counter

Време е за јагоди!

ВРЕМЕ Е ЗА ЈАГОДИ

Јагодите ги преплавија нашите супермаркети и зелени пазари. Меѓутоа, малку од нас знаат дека освен што се освежителни и вкусни за јадење, јагодите се мошне корисно овошје, а можат да се користат дури и во козметички цели.

Низ светот постојат повеќе од 400 видови јагоди, но сепак, се препорачува шумската јагода поради квалитетот, обилноста со витамини и лековитите својства. За овие намени не се користи само плодот, туку и листот и коренот на ова овошје.

Јагодите содржат киселина од редот на природни полифеноли, која ги намалува штетните последици од цигарите. Содржат и флавоноиди кои ја подобруваат меморијата, калиум, железо и влакна, додека ситните црни семки на надворешната страна се извор на минерали.

Кога станува збор за болести, јагодата е особено делотворна кај авитаминозата, гихтот, физичка оптовареност на организмот, слабокрвност. Ја забрзува циркулацијата, а се користи и во борба против целулитот. Интересно е што имаат и дополнителни способности т.е. отстрануваат флеки и ги обелуваат забите.

Кога купувате јагоди, внимавајте да не бидат меки и оштетени. Кога ќе ги миете, направете го тоа под млаз вода, за да спречите дополнително влегување на вода во нив. Најдобро е да се изедат најдоцна два дена од купувањето.

ЈАГОДИ ХРАНЛИВИ СОСТОЈКИ

ЈАГОДИ ВО КОЗМЕТИКА

МАСКА ЗА КОСА
Ако имате црвеникава коса, јагодите ќе ви помогнат да ѝ дадете сјај. Изгмечете 5-6 средно големи јагоди и помешајте ги со 2 децилитри сок од јаболка. Оставете смесата да отстои 15-тина минути на вашата коса, па измијте ја со неутрален шампон. Ако имате костенлива коса, наместо сок од јаболка користите сок од боровинки или црна рибизла. А тие со црна коса? Тие и онака имаат сјајна коса и не им е потребна оваа маска.

ЈАГОДИ ВО МЕДИЦИНА

КАМЕН И ПЕСОК ВО БУБРЕГ
Во период од еден месец потребно е да јадете по еден килограм зрели шумски јагоди. Можат да се консумираат со јогурт, вино или сок од лимон. Во периодите кога не е сезона на јагодите, за оваа цел може да се искористат сушени јагоди или сокови.

Related Posts with Thumbnails