wordpress counter

Време е за калинки!

Студените и дождливи есенски денови подразбираат и честo останување дома. Со добра книга или тв програма секогаш оди добро и нешто за грицкање и ужинка. А, за таа намена, има ли нешто подобро од плодовите на природата. Ние денес се решивме за најпосебниот плод – калинката.

Овој модро-црвен плод прв пат го откриле жителите на Иран и Индија. Оттаму, неговото одгледување се проширило во целиот суптропски појас. Станува збор за листопадна грмушка, со висина од 5 до 8 метри, која дава навистина вкусен плод.

Името калинка на латински значи јаболко полно со семки, што и не зачудува бидејќи во поголем број јазици во името на овој плод се содржи и зборот јаболко. Илјадници години се смета симбол на плодноста и љубовта, а за неа се зборува и во Библијата.

Освен како сирова, калинката се консумира и како сок. Од неа се подготвува и сирупот Гренадин, кој е неизбежен дел од многу коктели. Покрај тоа, на Средниот исток со неа се прават чорби и супи, како и традиционалниот јагнешки кебап. Сувите семки од калинка се дел и од зачинот кари и други мешавини од зачини. Во Авганистан, сокот од калинки се служи со риба или кебап. Нашите јужни соседи прават крем супа со пченица, калинки и суво грозје.

Многу десерти во себе содржат и калинки. Во сабота очекувајте навистина вкусен десерт – торта од калинки.

Лична карта
Во 282 гр (1 калинка) има 53 гр јаглехидрати, од кои дури 11 гр диететски влакна (45% од дневната доза), 3 гр масти, 5 гр протеини и нема холестерол.

*ДПК – дневна препорачана количина

Сокот од калинки е одличен при превенција, но и лечење на артериосклероза, карцином, зголемени масти и јакнење на машката потенција. Маслото од семките на калинката делува и кај ракот на градите и против воспаленија. Калинката е дел и од бројни козметички продукти за подмаладување на кожата.

Интересни факти

• во Турција, сосот од калинки се користи како сос за салати и маринирање на месото. Покрај тоа, калинката е дел од логото на многу турски градови.

• во Американскиот институт за здравје, оваа година се пријавени 23 клинички истражувања за мерење на влијанието на калинката врз здравјето на човекот.

• во Грција, кога некој ќе купи нов дом, вообичаено е да добие калинка како подарок.

• во Македонија, еден детски фестивал се вика „Калинка“, додека во Британија најпознатиот магазин во кој се објавуваат дела на поети под 30 годишна возраст се нарекува „Калинка“.

Related Posts with Thumbnails