wordpress counter

Време е за киви!

Кивито е едно од највкусните овошни плодови. Дел е од видот Actinidia, најчесто има овална форма и големина на јајце. Има зелено-кафена боја на лушпата која е влакнеста, додека плодот е мек, со зелена боја и ситни црни семки кои се јадат.

Се произведува во многу земји меѓу кои и нашата, но најмногу во Италија, Нов Зеланд, Чиле, Грција и Франција. Негова прататковина е Кина, каде се смета за национално овошје. Многу одамна се одгледувало и во Индија, Јапонија и Сибир.

Ширењето на популарноста на кивито започнува кон почетокот на минатиот век. Прво на Нов Зеланд, а потоа и во други земји започнало неговото одгледување. Има преку 60 различни видови, но најчесто се одгледуваат „Fuzzy“, „Golden kiwi“, „Baby kiwi“, „Arctic kiwi“, „Red kiwi“, „Silver vine“ и „Purple kiwi“.

Кога станува збор за неговата консумација, најчесто се јаде сурово, но е дел и од многу десерти од кои најпознат е новозеладнскиот десерт „Павлова“. Може да се додава кон салати за да се зголеми киселоста, а дел е и од многу пити, колачи и кремасти десерти. Се додава и кон многу јадења со риба или јагнешко месо.

Од медицинска гледна точка, докторите во Австралија и Нов Зеланд често го препишуваат како природен лек за астма и други проблеми со дишењето. Помага и при проблеми со кожата и појавување на дамки на неа, а поради антиоксидантните состојки делува поволно и при други заболувања и состојби.

Лична карта

Во 1 шолја киви (170 гр или два плода со средна големина) има 1 гр масти, 108 калории, 26 гр јаглехидрати (9% од ДПК), 2 гр протеини и нема холестерол.

*ДПК – дневна препорачана количина

Интересни факти

● во Кина, кивито го нарекуваат и сончева праска, овошје на чудата, винска круша, дрвена бобинка или влакнесто овошје;

● одгледувањето на киви започнало откако Изабел Фрејзер, директорка на женско училиште, на почетокот од минатиот век била во Кина. Таму земала семе за киви, кое во 1906 година било посадено на Нов Зеланд. Првиот плод го добила по 4 години;

● од киви се произведуваат некои од најубавите вина на светот. Особено се познати американските вина од киви;

● кивито се користи за омекнување на месото. Земете едно киви, изгмечете го плодот, премачкајте го месото. Оставете да делува 15 минути и месото ќе биде меко.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Готвење со масло од тартуфи

Маслото од тартуфи не е масло со кое може да се готви. Станува збор за масло кое се додава кон...

Close