wordpress counter

Време е за лубеница!

ВРЕМЕ Е ЗА ЛУБЕНИЦА!

Едно од најубавите овошја што ни ги носи летото е лубеницата. Сочна, свежа, слатка и мека, ги запоседнува сите наши рецептори за вкус. Освен одличниот вкус, лубеницата има и други дополнителни квалитети кои се одлични за нашиот организам и телесна тежина.

Интересно е дека припаѓа на истата група како и тиквиците и краставиците. Потекнува од Јужна Африка и од таму се шири кон Медитеранот. Постојат многу видови, а за некои веруваме дека ќе го привлечат вашето внимание. На пример, лубеница во форма на квадрат која ја одгледуваат Јапонците, лубеница без семки (да, постои и таква), лубеница со жолт плод, лубеница со пурпурна или црна кора со мали жолти кругови.

Освен што е одличен десерт за топлите летни денови, претставува и нутритивно многу вредна храна. Особено се интересни фитонутритиентите, како што се витамин Ц, ликопен и бета-каротен. Тоа се неверојатно моќни антиоксиданси кои го спречуваат штетното делување на слободните радикали. Освен тоа, витаминот Ц делува добро на имунолошкиот систем и во процесите на искористување на железото од страна на организмот.

Бидејќи содржи малку калории, лубеницата е одличен избор за ужина на сите оние кои се на диета.

Ликопенот е тој што ѝ ја дава црвената боја. Неговата заштитна функција, во однос на канцерот, е докажана и на луѓе. Една многу интересна состојка кај лубеницата е аминокиселината цитрулин, која по консумирањето кај човекот се трансформира во аминокиселина аргинин, која го намалува крвниот притисок.

ЛИЧНА КАРТА
Во 100 гр лубеница има 30 калории, 7.5 гр јаглехидрати, 0.40 гр диетални влакна, 0.61 гр белковини и нема холестерол.

ТАБЕЛА НА СОСТОЈКИ • ЛУБЕНИЦА

*ДПК – дневна препорачана количина

ПОЗНАТИ РЕЦЕПТИ СО ЛУБЕНИЦА: сорбе со лубеница и малини, гранита, gelo di melone.

ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ: ставете пире од лубеница во сад за лед и одозгора наросете го со ливчиња нане и оставете го во замрзнувач околу 4 часа. Потоа користете го како лед од лубеница, кој ќе му даде одличен вкус на вашиот омилен пијалак.

РЕЦЕПТ ЗА ОСВЕЖУВАЧКИ ПИЈАЛАК: 2 шолји парчиња лубеница без семки, 2 исечкани киви, 2 шолји јогурт од ванила, 1 шолја лед и свежо нане. Освен нането, останатото ставете го во блендер и кога ќе се добие пире, налејте го во две чаши и попрскајте го со нане одозгора.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

• Во Виетнам, за време на нивната Нова Година, постои обичај да се јадат семки од лубеница.
• Цитрулинот, кој особено го има во кората на лубеницата, е стимулатор на азот оксид. Овој оксид ги опушта и ги шири крвните садови и делува слично како вијаграта.
• Сенатот на Оклахома пред две години донесе закон спред кој лубеницата е официјален државен зеленчук. Никој не знае зошто, бидејќи лубеницата е во класата на овошја.

Related Posts with Thumbnails