wordpress counter

Време е за манго!

Овој период од годината ни носи посебни плодови, во кои уживаме со еднаква страст како и секој друг природен плод. Денешната статија ја посветуваме на едно од најпопуларните тропски овошја – мангото.

Потекло: мангото е овошје кое води потекло од Индискиот потконтинент, од каде се проширило низ целиот свет. Најмногу го има во Индија, Филипините и Бурма.

Изглед: кога ќе се погледне дрвото на манго добивате слика на прекрасен пејсаж со дебела сенка. Расте бргу (висина 35-40 метри) и ако има доволно топлина, може да живее преку 300 години. Листовите му се темно зелени, а додека се млади се црвени. Цвета во жолта и црвена боја, а плодот се наоѓа на долго стебленце. Може да има и повеќе од еден плод, на стебло со должина од 5-20 цм.

Видови и плод: најчесто, плодот на манго е мек и сладок, но има видови кои се цврсти како дињата или авокадото, па дури и онакви кои имаат влакнеста текстура. Само во Индија има преку 100 различни видови.

Гастрономска примена: често се користи како гарнир на јадења, или може да се консумира сиров со сол, чили, соја сос. Желето од манго е мошне популарно во Индија, исто како и „mango lassi“, пијалак од манго, млеко и шеќер, кој е  карактеристичен за Јужна Азија. Од него се прават џемови, смудис, сладоледи, овошни житни плочки, паста и слично.

Наш предлог рецепт: Манго тарт

Лична карта
Во 165 гр манго има 107 калории односно 5% од ДПК, 0.8 гр протеини (2% од ДПК), 28.1 гр јаглехидрати или 9% од ДПК, од што 3 гр се диететски влакна. Од 165 гр, 24 гр се шеќер, 0.4 гр масти и нема холестерол.

*ДПК – Дневна препорачана количина

Интересни факти

• мангото е национално овошје на Индија, Пакистан и Филипините;
• цветовите на манго се користат при ритуални церемонии во чест на божицата Сарасвати;
• познатиот писател Рабиндрант Тагоре пишувал поеми за цветовите на мангото;
• во Австралија, првите собрани плодови на манго во сезоната се продаваат во добротворни цели. На последната аукција, 12 плодови на манго се продадени за 30.000 долари;
• лушпата од манго кај некои луѓе може да предизвика контактен дерамтитис.

Related Posts with Thumbnails