wordpress counter

Време е за ореви!

Пазарите се преполни со млади ореви, совршени за грицкање за време на вашата омилена ТВ серија или подготвувањето на омилената торта. Овој плод, наречен „храна за мозокот“, е нашата денешна тема.

Оревот датира уште од античко време. Плодот кој го јадеме, всушност е семката од ова дрво, кое е распространето насекаде низ светот. Оревот достигнува висина до 3,5 метри и е двополово растение. Постојат дваесет видови на ореви кои се распространети насекаде низ светот, а кај нас најзастапен е црниот орев.

Латинското име му е Juglans regia, што значи јаткастиот плод на Јупитер, или плод на боговите. Во антиката се верувало  дека боговите јаделе ореви заради мудрост. Поради неговата форма, која потсетува на човековиот мозок и поради неговите својства, симболизира мудрост и рационалност.

Во нашата исхрана има честа примена како свеж, но се користи и како главна состојка на многу десерти или главни јадења, па дури и во салати. Се карамелизира и во повеќето чоколади има негови траги. Широко познат е и ликерот кој се прави од овој плод, а исто така игра и голема улога во козметиката и медицината.

Лична карта
Во 100 гр ореви има 654 калории, што е 27% од потребната дневна доза на протеини, 117% од ДПК на масти, 31% од ДПК од диетски влакна и не содржи холестерол.

Со својот богат состав, полн со витамини и минерали, го штити срцето, го намалува холестеролот, се користи во некои лекови за рак, го намалува стресот, ја разубавува кожата и го храни мозокот. Во народната медицина, во комбинација со мед, се користи за плодност кај жените, а неговите листови за миење на косата. Игра и голема улога во козметиката – главна состојка е на многу препарати, како кремите за самопотемнување.

Интересни факти

• кандираните ореви се користат за прелив на специјалитетите со риба;
• поради големото количество на јод што го содржи, најчесто под дрво од орев не може да порасне друга билка;
• состојки од орев се користат во инвитро процедурите;
• во САД постои град кој се вика Градот на оревот („City of Walnut“), додека ние имаме плажа во Охрид, која е наречена „Оревче“.

Related Posts with Thumbnails