wordpress counter

Време е за праски!

ВРЕМЕ Е ЗА ПРАСКИ!

Праските можат да бидат црвени, розoви, жолти, бледо зелени или комбинација од сите овие бои. Се наоѓаат мазни и сјајни, но и со рапава површина. Какви и да се, плодовите на праската се многу вкусни и сочни и секако, одлично освежување за летните месеци.

Праските за прв пат почнале да се одлгедуваат во Кина пред околу 4.000 години и оттаму се рашириле насекаде низ светот. Постои поделба на праските на три основни типа: праски кај кои тешко се отстранува семката, тип кај кој лесно се отстранува семката и мазни праски без влакненца на нив.

Ова сочно овошје содржи само 40 калории на 100 гр и многу вода. Од витамините присутни се: бета каротин и витамин Ц. Бета каротинот, кој е портокалово-црвен пигмент, познат е и како провитамин А. Има две основни улоги во организмот: кога е потребно преминува во витамин А, а доколку го има доволно, тогаш делува како антиоксиданс. Од минералите ги содржи: калиум, фосфор и магнезиум и е едно од ретките овошја кое содржи селен во себе.

Има и лековити својства. Претставува добар диуретик, го чисти организмот и го олеснува варењето на храната. Содржи антиоксиданси и други фитохемикалии кои помагаат во процесот на онеспособување на слободните радикали. Токми тие слободни радикали ја оштетуваат структурата на клетките и го забрзуваат процесот на стареење. Односот помеѓу калиумот и натриумот е 7:1, па се корисна храна за оние кои патат од отоци. Треба да се напомене дека ова овошје не им се препорачува на болните од дијабетес.

При купувањето на праските имајте на ум дека жолтите праски се поароматични, додека оние со бледо жолта и бела боја се послатки. Треба да се чуваат во фрижидер и да се консумираат во рок од два дена по купувањето.

ПРАСКИ • ТАБЕЛА НА СОСТОЈКИ

ПРАСКИ ВО МЕДИЦИНАТА

ЗА ПОДОБРО ВАРЕЊЕ
За таа цел се подготвува чај: 30 грама на цветови од праски се преливаат со ½ литар зовриена вода или млеко. Оставаме да отстои 5 минути и потоа се процедува. Се пие три пати на ден по една шолја.

ПРАСКИ ВО КОЗМЕТИКАТА

МАСКА ЗА ЛИЦЕ
Земете неколку зрели праски, излупете ги и држете ги во млеко околу 24 часа. Садот треба да е затворен. Овие млечни праски испасирајте ги следниот ден и имате одлична маска за лице. Ако почувствувате било какво пецкање на кожата или непријатно чувство, како и кај секоја друга маска, таа треба да се отстрани.

Related Posts with Thumbnails