wordpress counter

Време е за урми!

Урмата е плод на палма која се одгледува на Средниот исток повеќе од 5.000 години. Станува збор за слатко овошје кое по обликот е многу слично на маслинка и се состои од плод и семка. Се консумираат суви, полусуви и свежи.

Се смета дека овој плод потекнува од Северна Африка, а денес се одгледува во сите тропски и суптропски краишта. Единствено нешто што не ѝ се допаѓа на урмата е големата влажност, па затоа плодовите во тропските краишта се многу помали. Една плантажа се наоѓа во Европа, во близина на шпанскиот град Елче.

Во зависност од земјата, урмите се консумираат на различни начини. Некаде се глазираат со сируп од гликоза и се служат како брз оброк или мезе. Може да бидат полнети со бадеми, ореви, кора од лимон или портокал или марципан. Во многу земји тие се дел од бројни оброци. Во пудизни, торти, преливи, сирупи, оцет или алкохол.

Урмите содржат големо количество на танини и во медицината често се користат за прочистување на организмот. Сирупот или пастата од урми може да се користи при болно грло, настинка, намалување на болки при грип. Коренот од палмата се користи при забоболка.

Лична карта
Во 100 гр урми има 314 калории, 73 гр протеини, 0.3% масти, протеини (2.3%-5.6% или 7% од ДПК), имаат 8 гр диететски влакна и дури 23 амино киселини.

*ДПК – дневна препорачана количина

Интересни факти

• Младите листови на палмата се јадат како зеленчук. Иако, нивното отстранување ја суши палмата;

• Во југоисточна Шпанија, урмите полнети со пржени бадеми се служат завиткани во сланина;

• Во многу земји, од старите листови на палмата се изработува облека.

Related Posts with Thumbnails