wordpress counter

Жената која беше дегустатор на храната на Хитлер

Маргот Фолк е жената која повеќе од две години ги дегустирала сите оброци на Адолф Хитлер за да биде сигурен дека неговата храна не содржи отров. Маргот, во 1942 година, како 25-годишна девојка, е евакуирана од Берлин и испратена во Источна Прусија каде две години била приморана да ја игра улогата на дегустатор.

Таа била една од 15-те жени задолжени да ја пробуваат храната на нацистичкиот лидер. Фолк главно дегустирала свежо овошје и зеленчук. После долги години, таа открива дека била мошне уплашена кога ја дегустирала храната.

Таа вели дека ако храната била отруена тогаш сигурно ќе го загубела животот. Интересно е дека 15-те дегустаторки морале да вкусат сè што е сервирано на масата пред Хитлер да седне да јаде. Тоа понекогаш траело и повеќе од 1 час. Потоа, се чекало уште еден час за да се види како реагираат на храната.

Подоцна, во ноември 1944 година, таа е евакуирана и избегала во Берлин. Верува дека сите други дегустаторки се убиени од Русите. Во 1946 година го пронашла и својот сопруг, за кој се верувало дека е загинат. Живееле заедно сè до неговата смрт во 1990 година.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Бања со саќе, вино, чај и кафе

„Yunessun Spa Resort“ во Хаконе, Јапонија е навистина посебна бања. Овде, посетителите можат да уживаат во базени полнети со вино,...

Close