wordpress counter

Живот без леб и тестенини

Можете ли да си го замислите животот без леб и тестенини? Знаеме дека не можете, но научниците велат дека треба да се подготвиме и за оваа ситуација. Имено, летата стануваат сè пожешки, а зимите сѐ постудени. За пченицата, тоа се мошне лоши временски услови.

Ако временските услови продолжат да се развиваат во оваа насока, тогаш за 30-тина години лебот и тестенините може да станат производ што ќе им биде достапен само на богатите.

Ако не сакаме ова да се случи (а веруваме дека повеќето од нас не сакаат), тогаш не ни преостанува ништо друго освен да работиме на заштита на животната средина. Ако и тоа не помогне, ќе мора да вложуваме во одгледување на нови, генетски поотпорни видови на пченица, што секако ќе бара многу време, средства и знаење.

Поради климатските промени, најмногу страдаат трите основи житарки на кои се базира нашата исхрана – пченица, пченка и ориз. Но, пченицата е особено осетлива на овие промени. Поради тоа, приносите се сè пониски, а цената сè повисока. Поради тоа, треба да очекуваме дека гладот во светот ќе се шири, а со тоа и незадоволството на населението (како на граѓаните, така и на земјоделските производители).

Постои ли резервен план? Ако не сте знаеле, но до втората половина на минатиот век, во дел од нашите краишта, во пченичното брашно додавале и брашно од други растенија. Тоа било случај и во Норвешка, Шведска, Хрватска, Италија и Украина. Сме приготвувале леб и од јачмен, ‘рж, овес. Но, останува да видиме дали климатските промени ќе влијаат и на овие видови. Ако одговорот биде да, тогаш засега немаме никаква резервна варијанта.

Related Posts with Thumbnails