wordpress counter

Зошто доматот е овошје, а лубеницата зеленчук?

Постојат плодови за кои често знаеме да „погрешиме“ кога се обидуваме да ги ставиме во определена група. Најчести примери за тоа се доматите и лубеницата. Зошто се случува тоа?

Причина за оваа забуна доаѓа од фактот што дефинициите за овошје и зеленчук се разликуваат во ботаниката и во кулинарството. Зборувајќи од перспектива на ботаниката, овошјето е семкаста структура која се развива од оплоден цвет, додека зеленчукот настанува од другите делови на растението (корени и листови).

Водејќи се од таа поделба, јаболкото, тиквата и доматот се овошја, додека репката, компирот и лубеницата се зеленчуци. Оваа поделба се разликува од онаа на која сме секојдневно навикнати. Затоа, плодови кои ботаниката ги смета за овошје (домати, тиквици, краставици), ние ги сметаме за зеленчуци.

Сепак, како и да ги нарекуваме, наш совет е секогаш најголем дел од нашата исхрана да се состои токму од овие плодови, без оглед дали се овошје или зеленчук.

Related Posts with Thumbnails