wordpress counter

ПАСТА, ПАСТА, ПАСТА! (Прв дел: форми)

ПАСТА, ПАСТА, ПАСТА! Форми на тестенини

Секаде ги има, секако ги јадеме и сите многу добро ги знаеме: тестенини! До сега сме пробале, виделе и вкусиле стотици варијации на готвени тестенини, со многу различни сосови и можеме да си речеме дека добро ги познаваме. Така мислев и јас, додека во потрага по нешто ново и интересно не се запознав вистински со ова што е денес тема на разговор, односно паста.

Паста или тестенини е заеднички назив за сите варијации на тесто направено од брашно, вода и јајца. Терминот исто така се користи и за оброци, кои се прават со тестенини, т.е. каде паста е основна состојка. Пастата се дели на два основни вида: сушена и свежа. Сушената се прави без јајца и може да се складира до 2 години, додека свежата паста може да се чува 2-3 дена во фрижидер.

Постојат приближно околу 3500 различни видови на форми на паста. Сите овие се традиционални во различни делови од Италија. Во Кина исто така традиционално се јадат тестенини, но не онаа паста што нам ни е позната, туку еден вид фиде или noodles, кои се прават од просо.

Прочитавте убаво? 3500 видови на тестенини! Многу од нив ги консумираме секојдневно, иако не им го знаеме името. Многу од нив си ги викаме макарони и шпагети само затоа што така знаеме или така ги нарекуваат компаниите што ги продаваат. Не знам колку од вас можат да направат разлика меѓу различните видови паста, но јас заклучив дека многу многу слабо ги познавам.

Ова е значи, нов серијал корисни статии, поврзани само со тестените. Првиот дел го посветив токму на формите, бидејќи се многу и ќе ни помогнат да разбереме колку многу има да се пишува за пастата, поврзано со начинот на подготвување, готвење, сервирање и декорирање, како и видовите сосови и филови за различните специјалитети со тестенини. Да почнеме!

*Кликнете на името за повеќе информации на Wikipedia.

ОСНОВНИ ФОРМИ ТЕСТЕНИНИ
Capunti – кратки, овални, личат на мешунки од грашок
Casarecce – кратки во форма на буквата Ѕ
Cencioni – мали крпи
Cavatelli – цврсти ленти
Farfalle – пеперутки
Fiori – со форма на цвет
Fusilli – спирали, некогаш во различни бои
Gemelli – две спирали врзани во една, близнаци
Orecchiette – паста во форма на сад или уво
Pipe – вид макарони во форма на луле
Rotelle – во форма на тркала

ТЕСТЕНИНИ ВО ФОРМА НА ТУБИ
Bucatini – празни шпагети
Calamarata – тестенини во форма на голем прстен
Cannelloni – големи туби кои се полнат со фил
Gomito maccheroni – свтикани макарони
Garganelli – правоаголни табли свиткани во туба
Maccheroni – макарони со должина колку еден прст
Manicotti – ракави или големи косо потсечени туби кои се полнат со фил
Rigatoni – големи и малку заоблени туби
Penne – средно големи туби со риги
Ziti – долги туби кои личат на црева

КОНЧЕСТИ ТЕСТЕНИНИ
Spaghetti – шпагети, најпозната паста
Spaghettoni – тенки шпагети
Spaghettini – мали шпагети
Fedelini – многу долги шпагети
Vermicelli – црвовидни шпагети
Capellini – многу тенки шпагети името значи коса
Capelli d’angelo – ангелска коса, најтенките шпагети
Spaghetti alla chitarra – еден вид шпагети кои името го добиле по направата со која се прават, која има дрвена рамка и метални жици и не се кружни туку квадратести.

ТЕСТЕНИНИ ВО ФОРМА НА ЛЕНТИ
Fettuce – ленти
Lasagne – многу широки ленти, табли
Lasagnette – потесни лазањи
Reginette – брановидни ленти, мали кралици
Tagliatelle – скратени ленти

МИНИЈАТУРНИ ТЕСТЕНИНИ
Acini di pepe – зрнести тестенини
Alphabets – паста во форми на букви
Anellini – мали прстенчиња
Couscous – паста што личи на зрно, карактеристична за Северна Африка, Франција и делови во Азија.
Funghini – минијатурни печурки
Orzo – тестенини во форма на ориз
Stelle – тестенини во форми на ѕвезди

ПОЛНЕТИ ТЕСТЕНИНИ
Agnolotti – полукружни џебови
Fagottini – мали чантички
Manti – правоаголни шупливи тестенини, потекнуваат од Турција.
Panzerotti – големи џебови
Ravioli – во форма на квадрат со димензии 3х3см.
Tortellini – џебови во форма на прстени

ТЕСТЕНИНИ СО НЕПРАВИЛНА ФОРМА
Gnocchi – њоки, кружна форма, се прават од брашно и компири
Spätzle – германски тестенини со јајца кои се или со овална форма или целосно неправилна форма. Зборот значи гавран на германски.

[МАЈА БАЛША]

Related Posts with Thumbnails