wordpress counter

Внимание: Продукти кои се опасни за миленичињата

Дел од продуктите кои ние ги консумираме може да бидат опасни за здравјето на нашите домашни миленичиња. Во продолжение ќе споменеме некои од нив.

Чоколадо
Ако грицкате чоколадо, а вашето милениче со поглед ве моли да му дадете малку, никако не попуштајте. Во спротивно, само ќе му направите проблеми.

Авокадо
Авокадото има состојки кои кај мачките создаваат повраќање и дијареа. Персинот од авокадото е особено опасен ако чувате птици или глодари.

Кафе и чај
Кофеинот содржи метилксантинес кој кај мачките и кучињата предизвикува дијареа, повраќање, абнормален ритам на срцето, тремор, напади, па дури и смрт.

Грозје
Грозјето е особено опасно за кучињата. Симптомите на труење вклучуваат летаргија, намален апетит, намалено мокрење и дијареа.

Лук и кромид
Поголема количина од овие плодови може да направи хаос во крвната слика на вашиот љубимец. Мачките може да добија анемија, а ниту кучињата не се имуни.

Сол
Прекумерната консумација на сол може да предизвика летаргија, замор, зголемена температура, повраќање и дијареа.

Што смеете да им давате?
Боровинки, малини, јагоди, лубеница, диња, путер од кикирики, сирење, јогурт, мешунки, сладок компир, морков, варено месо. Секако, во мали количини. Внимавајте на млечните производи, затоа што некои миленичиња се преосетливи на лактоза.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Фудбалскиот клуб „Хајдук“ со свое пиво

Еден од најпознатите хрватски фудбалски клубови, „Хајдук“ од Сплит, добива свое пиво. Станува збор за „Хајдучко“ пиво, кое е резултат...

Close