wordpress counter

3-Д принтер за храна

Овој принтер за храна не е првиот уред од ваков тип, но секако е еден од најнапредните. Уредот го развија истражувачите од Универзитетот „Корнел“, под раководство на доктор Ход Липсон.

Тој е дел од колекцијата на брзи прототип системи кои овозможуваат врз тридимензионални предмети да се печати со помош на шприц. Движењата се контролираат преку компјутер.

Досега се направени експерименти за печатење на колачиња, чоколади, па дури и месо. Во моментов како кертриџ може да се користат само пијалаци и гелови, а во експериментална фаза е користењето на сирење, чоколадо и тесто.

Погледнете како функционира овој 3-Д принтер за храна:

Related Posts with Thumbnails