wordpress counter

Безжична вага

БЕЗЖИЧНА ВАГАОвој, во суштина, ѕиден дигитален часовник има дел кој може да се отстрани и да служи како кујнска вага. Така, повеќе нема да имате проблеми при мерењето на состојките кои ви се потребни да приготвите рецепт од Гурман™ порталот. Овој уред е особено интересен – нуди три опции а воопшто не зафаќа место, бидејќи се зацврстува на ѕид.

Кога сакаме да го употребиме за мерење, тогаш едниот дел кој служи како вага се отстранува и се поставува на работната маса. Работењето на вагата се контролира преку екран на допир. Кога ја употребуваме за мерење, тогаш таа испраќа инфрацрвен сигнал до дигиталниот екран на ѕидот, на кој можете да ја видите измерената количина. Максимална тежина која може да се измери е 15 килограми.

Работи на батерии, а кога не го употребуваме за мерење, тогаш се користи како часовник и како уред кој ја покажува моменталната температура во просторијата за готвење.

На вас останува само да изберете рецепт, а овој кујнски апарат ќе ви помогне за сѐ останато.

Related Posts with Thumbnails